Иако насловот можеби звучи како некој од познатите факти за Чак Норис, вистина е дека „неуништливиот“ доживеал два инфаркта.
Првиот срцев удар го доживеал во хотелска соба во Лас Вегас, по што неговата сопруга повикала брза помош. Вториот удар се случил во болницата.
По лекарската интервенција, актерот се чувствува добро, иако повеќе медиуми наведуваат дека 77-годишниот Норис бил на раб на смртта, но издржал. Тој во Лас Вегас бил на натпревар за боречки вештини.