Чарли Шин не е единствен на листата ѕвезди заразени со ХИВ


Својата тајна Шин ја криел долго време, а на многу луѓе им плаќал за да остане така. Но, тој не е единствениот кој во својот организам го имал вирусот кој предизвикува сида.

Целиот свет денес зборува за изјавата на славниот актер Чарли Шин, кој открил дека е ХИВ позитивен. Се појавил на Today Show на телевизиската куќа NBC, и открил дека дознал дека е болен пред четири години, а болеста ја прифатил многу тешко. “Секогаш сум искрен за својата состојба и секогаш сум користел кондоми”, рекол Шин и открил дека се чувствува добро сега кога тајната е јавна.natali bri carli

ХИВ вирусот кој предизвикува сида припаѓа на семејството Ретровируси, кои по влегувањето во човековиот организам напаѓаат специфичен вид на бели крвни зрнца, T-лимфоцити, во нив се множи, ги уништува и постепено доведува до слабеење на имунитетот.

Славниот пејач на групата “Queen”, Фреди Мејкјури, починал во 1991. година од сида.fredi merkjuri

Истата година славниот кошаркар Меџик Џонсон признал пред светот дека е ХИВ позитивен. Денес има 56 години и научил да живее со тешката болест, а станал и голем активист и пример за сите оние кои се нашле во таа ситуација.

medjik
Рок Хадсон исто така е една од холивудските ѕвезди која признала дека е ХИВ позитивна. Тоа го споделил со јавноста во 1985. година, кога се мислело дека сидата е болест која ги напаѓа хомосексуалците.

Американскиот актер Ентони Перкинс, кој го паметиме по улогата во “Psycho” на Хичкок, исто така починал од сида во 1992. година.entoni

Вилијам Холи Џонсон, познат како пејач на групата “Frankie Goes to Hollywood” и поранешен басист на панк бендот “Big in Japan”, во 1991. година дознал дека е ХИВ позитивен.vilijam

Џиа Мери Карнаги е позната како првиот американски супермодел. Иако градела успешна кариера, по зависноста од хероин нејзината слава почнала да опаѓа. Починала на 26 години по борбата со тешката болест. За нејзиниот живот во 1998. година бил снимен и филм, а манекенката ја глумела Анџелина Џоли.gia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1