По повеќе од два месеци Владата на Венецуела конечно објави први фотографии на болниот претседател Уго Чавес, на кои тој се гледа насмеан во друштво на своите ќерки.
На фотографиите, кои на телевизија ги објави неговиот зет, министерот за наука Хорхе Ареаза, Чавес чита вчерашно издание на кубанскиот комунистички весник „Гранма“.
Фотографиите се прикажани по шпекулациите околу влошената здраствена состојба на Чавес, по последната операција изведена на 11 декември.
Тој е добро единствено дише преку цевка и тоа му го отежнува говорот затоа не и се обратил на нацијата, велат од неговиот кабинет.