Чавков: Бизнисмени од Македонија беa уценувани со незаконските снимки


Лица од криминалното подземје во Република Македонија, Косово, како и поединци од Србија се интересираа за незаконските снимки кои беа пронајдени кај Захир Бекири Чауш.

Ова во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов го истакна министерот за внатрешни работи Митко Чавков.mitko cavkov

Тој посочи дека со снимките биле уценувани бизнисмени од Македонија.

-За овие содржини се нудеа и пари. Токму ваквите сознанија беа причина за вториот дел од акцијата, да ги пресретнеме, да ги пресечеме тие намери. Имаме информации дека имало активности кон одредени бизнисмени, истакнува Чавков.

Во однос на пишувањата во медиумите за средбата меѓу Бекир Асани и Зоран Заев, Чавков вели:

-Имаше еден или два случаи на пријава за уцена или изнуда. Токму поради ова е и мојата грижа, тоа што нема пријавување на случаи е можно и веројатно дека некои од луѓето, оштетените ќе ја земат правдата во свои раце, коментира Чавков.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1