Судијката Добрила Кацарска денеска ја соопшти пресудата за „27 април“, според која повеќето обвинети беа прогласени за виновни, и добија високи затворски казни, а само Игор Дурловски доби ослободителна пресуда.
Митко Чавков ја доби највисоката казна затвор од 18 години, а ослободен од обвинението беше Игор Дурловски.
Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.