Сегашниот Министер за внатрешни работи, Митко Чавков, ги вратил на работните места сите началници на Секторите за внатрешни работи кои ги смени неговиот претходник.
Вратени се началниците на Секторите за внатрешни работи и тоа во Скопје, Куманово, Велес, Охрид и Битола, а новите кои беа поставени од страна на Оливер Спасовски се вратени на старите работни позиции.
Сменети се петмина началници на Сектори за внатрешни работи и тоа во Скопје, Куманово, Велес, Охрид и Битола.
Ова се неофицијални информации кои не ги потврдуваат официјално од Министерството за внатрешни работи.