Апелацискиот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите за изречените мерки притвор на единаесет лица осомничени за насилството во Собранието на 27 април.
Апелацискиот суд по одржаните седници вчера и денеска, соопшти дека се одбиени жалбите на обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Богдан Илиевски и Илија Славковски.
Обвинителството за сите бараше да останат во притвор, освен за актерот Владо Јовановски за кого побара да му се одреди поблага мерка односно куќен притвор. Но, таквото барање е одбиено од Апелацискиот суд.
Се очекува Апелација да ги соопшти одлуките за жалбите на уште седум обвинети кои се жалеа за изречената мерка притвор.