Чавков поднесе тужба поради смената на началниците –


Заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков во четвртокот ја информираше јавноста дека поднел тужба до Управниот суд со која бара да се стопираат одлуките на министерот Оливер Спасовски  за смена на началниците во полицијата.mitko cavkov

Според Чавков, Спасовски флагрантно ги прекршил законите за внатрешни работи и полиција кои се применуваат за вакви случаи,а покрај тоа во крајно незаконска и нетранспарентна постапка именувал нови началници.

„Бараме од судот да донесе решение за привремена мерка со која се запираат прераспоредувањето на лицата, како и пресуда со која се поништуваат решенијата на техничкиот министер. Незаконските распоредувања и разрешувања предизвикуваат опасност за уредно, целосно и безбедно извршување на законските надлежности на Министерството поради тоа што се разрешени началници и на нивни места се поставени други лица надвор од класификацијата регулирана со Закон“, рече Чавков.

Заменик министерот нагласи дека ваквата постапка е сторена во услови на зголемени безбедносни ризици поради мигрантите, зголемената френкфенција за празниците и перманентната безбедносна закана од терористички напади

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1