Чавков: Темелно ќе го истражиме случајот со експлозијата во Куманово


Според првичните информации причинета е незначителна материјална штета, но сепак станува збор за кривично дело кое многу интензивно и темелно ќе го истражуваме со цел да утврдиме кои се сторителите и мотивите за тоа, изјави денеска министерот за внатрешни работи Митко Чавков во врска со експлозијата што вчера утрото се случи во центарот на Куманово, пренесе МИА.mitko cavkov

 

Чавков, кој  е беше во посета на граничниот премин Табановце каде што со претставници на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот подели флаери за безбедно учество во сообраќајот во Македонија за странските туристи, потенцираше дека увидните екипи собрале соодветни материјали за вештачење и се надева дека во најбрз временски рок ќе има други показатели и информации кои ќе се користат во понатамошниот тек на истрагата.

Инаку, во строгиот центар на Куманово во тунелот кој ги поврзува градскиот плоштад со паркинг простор со кој стопанисува приватна компанија, утрово во 04.29 часот се случило експлозија, потврди кумановската полиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1