Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека на разговорите за Сирија не може да учествуваат терористички организации Мевлут Чавушоглу Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција ќе ги бојкотира
Турција останува цврсто против учеството на партијата на сириските Курди, Демократската унија, како дел од опозициската делегација на мировните преговори за Сирија, планирани за оваа недела, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
„Ако Демократска унија, која ја има поддршката на САД и која се бори против Исламската држава, се приклучи на преговорите за ставање крај на петгодишната граѓанска војна во Сирија, нејзиното место ќе биде на страната на сирискиот претседател Башар Асад“, изјави Давутоглу во парламентот.