Чешката влада денеска донесе одлука од среда да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително да се ограничи работата на продавниците за малопродажба.
Полицискиот час ќе биде во сила од 28 октомври до 3 ноември, од 21 до 5 часот наутро, рече министерот за здравство, Роман Примула, по состанокот на владата, наведувајќи дека во исклучоците спаѓаат службените патувања и неопходните семејни посети.
Малопродажните објекти, кои продолжуваат да работат според сегашните ограничувања, мора да бидат затворени до 20 часот и во недела, со исклучок на бензинските пумпи и аптеките, пренесува Ројтерс.
Воведени се построги мерки заради сериозно влошување на епидемиолошката состојба. Чешка викендов имала 12.472 нови случаи на коронавирус, а 106 лица починале како резултат на инфекција со коронавирус.