Чеси тргнале за Ница, слетале во Ниш: „Зарем не сме во Франција?“


Четворица млади Чеси се упатиле на одмор во Ница, но по грешка завршиле во Ниш во Србија, пишуваат чешките и словачките медиуми.

Организаторите на нивнот краток предбожикен одмор во Франција ги збуни новата линија на компанијата Рајанер Братислава – Ниш, и поради сличните имиња на двата града, резервирале авионски билет за лет во Србија.avion 2

Рајанер во Словачка рекламира продолжени викенди во Ниш и редовни летови од 31 октомври.

Двете двојки од Чешка наместо сонце во Ница, вчера ги дочека облачно небо во градот Ниш на јужниот дел на Србија, и со неверување го прашале екипжот на Рајанер, зошто не се во Франција, изјави денеска за словенечкиот портал Topky.sk еден од членовите на екипажот.

Чесите во Ница имале резервирано хотел и изнајмен автомобил, но во Ниш ќе останат се до петок, затоа што тогаш имаат лет за Братислава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1