Четиригодишно дете со Нилска треска примено на Клиниката за детски болести


Четиригодишно дете од Струмица со симптоми на нилска треска било примено на Клиниката за детски болести. Детето два дена било со температура, но она што ги загрижило струмичките доктори и родителите е искривеното одење на детето и губењето на рамнотежа, јавува Канал 5.detska klinika

Професор Дума го потврди случајот, од почетокот нели се оди со силна терапија, и состојбата целосно се подобри, вели проф.др. Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести за Канал 5.

Од клиниката објаснуваат дека детето не било надвор од Македонија, дури и во период од месец дена не било надвор од Струмица.

-За среќа никој немал последици од овој вирус, по поминувањето на болеста. Но, во некои случаи може да и има и последици. Мора на време да се реагира со терапија, вели проф.др. Аспазија Софијанова.

Ова лето ова е прв случај на разболен со нилска треска. Болеста ја пренесуваат обични комарци. Комарците се заразуваат од птиците преселници, но и од гавраните и чавките.

Болеста најчесто поминува без симптоми, односно во 90 отсто а кога ќе се појават се во вид на треска, главоболка, мачнина, повраќање. Овие симптоми најчесто минуваат во рок од неколку дена, иако имало случаи кога заболувањето траело и со недели, нo може да заврши и со смрт, во 2012 година 55 годишна жена во Скопје почина од оваа болест.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1