Четиримесечно бебе болно од Ковид-19 се лекува на Инфективната клиника


Според информациите на Канал5 бебето е хоспитализирано на Инфективната клиника, во стабилна состојба е и дише нормално, но има осипи, во склоп на инфекцијата, а послаба му е и крвната слика. За него се грижат педијатри и му е одреден специфичен начин на исхрана.

Инаку, од вкупниот број заболени од корона во Македонија, неполни 7% се млади лица до 19 години. Регистрирани се 19 случаи до 9-годишна возраст и 22 случаја на пациенти од 10 до 19 години.

Од Детската клиника во Козле велат – засега кај нив нема пациенти.

Доктор Андоновски тврди дека мерките на Комисијата за заразни болести даваат резултати и бројот на заразени деца е мал, бидејќи не одат во училиште.

Од друга страна, доктор Никола Пановски, презентирајќи неколку модели како да се надмине епидемијата, посочи дека една од варијантите е градење колективен имунитет, со тоа што учениците ќе седнат во клупите, но сепак ќе бидат одделени од највозрасните.

И во светски рамки, поотпорни од корона се токму најмалите, но знаат да бидат и т.н. поопасна група, бидејќи претежно се асимптоматски преносители.

Kanal5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1