Досега се регистрирани четворица Сиријци со име Ахмад Алмохамад, со различна година на раѓање, кои во различно време влегле во Република Македонија.
Според информациите од МВР, четворицата кои пристигнале од Грција немале патни исправи туку поседувале грчки документи.
Ахмад Алмохамад е името на сирискиот пасош што француската полиција го најде во близина на местото на една од експлозиите во терористичките напади во Париз.
Експертите предупредуваат дека за сириските пасоши е познато дека масовно се фалсификуваат.