Четири лица од Скопје вчера во полиција пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера, во 12.15 часот во Полициската станица – Центар С.П.(63) пријавил дека истиот ден во 11.45 часот додека се возел со велосипед по ул.“Кеј 13-ти Ноември“ бил нападнати каснат од група кучиња во пределот на десната подколеница.
Ѓ.И. (38) вчера во 15 часот во Полициската станица – Центар пријавил дека претходниот ден околу 11 часот на плоштад Македонија бил нападнат и каснат од куче скитник на задната страна од десната нога.
Вчера во 14.40 часот во Полициската станица – Ѓорче Петров С.М. (59) пријавила дека на 1-ви овој месец околу 09.30 часот на улицата Лука Геров била касната од куче скитник во пределот на десната подколеница. Покрај ова истиот ден во ПС Ѓорче Петров е пријавено од страна на В.Р. (60) дека околу 10.30 часот на посочената улица “Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на левата подколеница.