Чибишев: Метил акрилат мономер излеан во Охис може да предизвика потенцијално смртоносна компликација


Нема точни податоци од надлежните колкава количина на метрил акрилат мономер е ослободен при случувањата во Охис и колкава е концентрацијата на истиот во воздухот.

Метил акрилатот е токсична супстанција која при директен контакт со кожата може да предизвика тешки оштетувања и повреди на истата, објаснува преку социјалните мрежи, поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Чибишев. Тој директоруваше со Клиниката за токсикологија.

Според него, ако дојде до експлозија на пареи од метил акрилат тогаш се иритира очната слузокожа и се појавува чешање но и солзење на очите, додека при поголеми концентрации може да се оштети и видот.

Она што се додава е дека зависно од времето на изложеност на метил акрилат може да се случи и нарушување на респираторниот ситем проследен со печење во грлото и градите, кашлица, отежанато дишење а при поголеми концентрации може да настане оток на белите дробови ( токсичен белодробен едем ) кој е потенцијално смртносна компликација.

Чибишев во однос на заштитата посочува дека при хаварија се евакуира населението во радиус од 50 метри од местото на инцидентот додека пак доколку истата е од потежок степен, тогаш вели дека се прави евакуација во радиус од 800 до 1000 метри.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1