Ние и досега предупредувавме за ова сходно на интензитетот со којшто беше потребно. Којшто одговараше на интензитетот на нивното мешање. Во изминативе две години нивното мешање во политиката во Македонија, влијанието врз медиумите, нивното поврзување со меѓународни организации и амбасади во Македонија доби сосема нова улога, сосема нова димензија на организација која активно се бори да се урне владата на Република Македонија којашто гледаме дека со повторените избори дека била избрана со солидно мнозинство, рече Чилиманов.
– Владата со голем мандат, дејствува реформски, конзервативно, што тоа нив не им се допаѓа, но нели сепак тоа е избор на овие граѓани, но не тие решија да ја урнат таа влада, користејќи методи како што се насилни протести, како што е црна пропаганда против својата држава во странски и домашни медиуми, психолошка војна претставување на партија, на влада, на сите нејзини функционира, на сите луѓе кои ги поддржуваат како нелуѓе, како убијци, како луѓе коишто се радуваат на нечија смрт. Злоупотребата на илегално снимените материјали, злоупотребата на старите контакти што ги има оваа организација во изобилство, злоупотреба на контактите што ги имаат со амбасадите во Македонија и на политичари што им се блиски во Брисел и Вашингтон, се со цел да се смени власта во Македонија и сметаме дека кревањето на нивните активности на повисоко ниво бара контра одговор барем еднаков од другата страна, да се разобличат нивните врски, да се разобличат каналите на финансирањето, да се прекинат ексклузивни контакти со амбасадите, тука и со меѓународниот фактор, да се разбие таа фама дека само тие, само СОРОС, само СДСМ зборуваат во името на меѓународната заедница во Македонија, а ние сите други сме против, рече Чилиманов, во гостувањето на Тв НОВА.