Чипс од домати


Направете ги сочните домати во крцкав чипс за само неколку минути. Посолете и грицкајте здрав чипс.

Потребно е:

cips domati2 големи домати
сол
масло за јадење

Подготовка:

– Доматите пресечете ги на тркалца, наредете ги на даска за сечкање и посолете ги од едната страна. Оставете ги така 15 минути, па со салфетка избришете ги од едната страна. Превртете ги и посолете ги од другата страна. Оставете ги додатни 5 минути.

– Избришете ги со салфетка, наредете ги на чинија која може да се пече во микробранова печка. Чинијата претходно премачкајте ја со кујнска четка со масло за јадење, во многу тенок слој.

– Вака наредените домати, ставете ги во микробранова печка да се печат пет минути, на јачина 7 од максимални 10. Јачината прилагодете ја според нивоата на вашата микробранова печка.

Забелешка: Ако немате микробранова печка, доматите наредете ги на тавче за печење, намачкано со масло за јадење, па пржете ги кратко на најгорната решетка од вашата рерна.

A1on

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1