Федералниот суд во Солт Лејк Сити објави застрашувачка снимка од 2014 година на која се гледа како член на банда со пенкало го напаѓа сведокот кој сведочел против него, пред да го убие чуварот.
На шокантната снимка се гледа како обвинетиот Сиал Ангилау (25), член на бандата на кого му се суди за рекетирање, одеднаш станува, зима пенкало и го напаѓа сведокот кој бега од него. Во тој момент чуварот вади пиштол и испукува во Сиал четири куршуми.
– Фрли го пенкалото, фрли го пенкалото, се слуша на снимката, пред да биде убиен обвинетиот.
Сведокот, кој исто така е член на бандата и кој сведочел против Ангилау, во моментот на нападот бил со лисици на рацете, но успеал да го избегне и остане неповреден.
Видеото е објавено откако судот го отфрли обвинението на семејството на настраданиот за прекумерна употреба на сила.
Сиал Ангилау починал во болница од здобиените повреди. Бил обвинет со уште 17 членови на бандата за завера, кражби и напади.