Членови на ВМРО-ДПМНЕ добиле лажни СМС пораки во кои партијата ги повикува на гласање


Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино ви предупредува своите членови дека се шират лажни СМС пораки со повик да излезат да гласаат на референдумот. Иако на пораките е потпишана партијата, сепак од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се злоупотребени партиските иницијали. Тврдат дека таква насока од ВМРО ДПМНЕ немало, а случајот го пријавиле до надлежните институции.

„ВМРО-ДПМНЕ браќа и сестри, утрово постигнавме клучен договор. ВМРО била и ќе биде достоинствена политичка партија. Да излеземе да гласаме за спас на Македонија“, била содржината на пораките.

Од општинскиот комитет велат дека зад пораките стои СДСМ, која, додаваат, се користи со лаги, уцени и притисоци.

„Пристигнуваат СМС пораки со лажна содржина дека ВМРО ДПМНЕ повикува на гласање. Не наседнувајте на овие лаги и информации! Таква насока од ВМРО ДПМНЕ нема!!! За ваквите нерегуларности и притисоци пријавено е до сите надлежни институции. ВМРО ДПМНЕ ОК НЕГОТИНО бојкотира!“, известуваат од партијата на нивната официјална Фејсбук страница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1