Македонката со српска адреса Станислава Чочоровска Полетан која пред 10 години беше осудена на затворска казна откако во 2007 година на граничниот премин „падна“ со 486 килограми кокаин вчера е пуштена од затворот Идризово.
Таа е осудена на 14,6 години затвор заедно со Алија Азировиќ, возачот во чиј камион беа пронајдени канти со поликолор, полни со дрога, но пуштена е заради лекување.
Ваков прекин на казната заради лекување доби и сопственикот на А1 Телевизија Велија Рамковски, како и Маријан Ефремов, екс разузнувач, осуден за случајот „Шпион“.
Прекинот на казната е во рок од 30 дена, по што за евентуалното продолжување ќе одлучи судот.
sitel.mk