Човечката раса настанала како мешавина од мажјак свиња и женка шимпанзо – тврди Јуџин Мекарти од Универзитетот „Џорџија“, еден од најпознатите светски научници кои се занимаваат со хибриди.
Мекарти вели различните карактеристики што ги имаме во моментот со овие животни, се резултат на хибридниот потомок и неговата еволција во минатото.
Во статијата која што е објавена на порталот Macroevolution.net., тој објаснува дека научниците претпоставуваат дека шимпанзото е најблиското животно кое еволуциски е сродно со луѓето, но дека наспроти бројните генетски сличности, луѓето и шимпанзата имаат и голем број на разлики во анатомските карактеристики.
Мекарти ги наведува кожата без влакна, масното ткиво, светлите очи, кои дефинитивно потекнуваат од свињите. Исто така, тој ја наведе и сличноста во структурата на кожата и органите, Навистина, свинската кожа и ткивото на срцевите залистоци се користат во експериментите во медицината, бидејќи постои голема сличност и компатибилност со човечкиот вид.
Докторот Мекарти вели дека првиот крмак (машка свиња) веројатно многу години живеел со шимпанзата, каде што мегусебно се пареле и репродуцирале, а со секоја нова генерација потомците добивале повеќе особини од шимпанзата , отколку од свињите.
Со оваа теорија тој го негираше и верувањето дека сите хибриди се неплодни. Мекарти тврди дека хибридите не се стерилни и дека во многу случаи постојат хибридни животни кои се способни за репродукција.
Хипотезата на д-р Мекарти наиде на остри критики и од страна на биолозите и креационистите.