Човекот кој ја спаси Лепа Брена: Слушнав вресок, а таа беше целата изгребана и во крв


Храбриот Бајро Џигал од Нови Пазар е човекот кој пред повеќе од 20 години и го спасил живтот на Лепа Брена. Роден 1945 година, откако положил за возачка дозвола на 20 годишна возраст, Бајро 1980 се вработил како возач на камион и најчесто возел и имал работни задачи околу Копаоник и околните села.lepa-brena-520x306

Еден викенд, во сабота, ЈАТ организирал забава за своите работници во своите објекти. Била ладна, зимска декемвриска ноќ, а хотелите на Копаоник биле преполни. Брена и групата „Слатки грех“ биле најавувани со месеци. Туристите навалиле на Копаоник како луди, раскажува Бајро Џигал.

– Јас бев дежурен возач на Копаоник. Возев камион „Жил“ и одев од правец на Брус кон Копаоник. Беше некаде околу 20 часот, надвор црна темницата, а патот беше полн со снег и беше заледен. Како што возев, од левата страна на патот забележав светла на автомобил кој беше паднат во провалија. Го запрев возилото и се спуштив до него. Кога се доближив до возилото слушнав врискања на луѓе. Ја препознв Лепа Брена, беше целата изгребана и крвареше, додека останатите членови на „Слатки грех“ тогаш не ги знаев, раскажува Бајро.

Тој се потсетува дека во тоа возило бил и Петар Лазовиќ, тогаш најпознат новинар на Телевизија Белград.

– Ми бараше име и презиме. Ми понуди да ме чести со 300 германски марки, но го одбив. Ми беше важно дека тие се живи и здрави, вели Бајро.bajro

Таа ноќ го поканиле во апартманите на ЈАТ да присуствува на нивниот концерт.

– Се согласив. На влезот обезбедувањето ме зема и ме однесе до ВИП местата. Околу мене седеа некои директори со машни, палта… Брена и „Слатки грех“ ми приоѓаа на пет минути и ми се заблагодаруваа, дури и јавно соопштуваа, преку микрофон, на сите присутни гости, се сеќава Џигал.

По завршувањето на манифестацијата, новинарот Петар Лазовиќ го поканил да биде гостин на Студио Б, но и тоа го одбил.

– Немав машна, соодветен костум…Долги години потоа, можеби повеќе од 7­-8, менаџерите на Лепа Брена се јавуваа кај мене дома и се распрашуваа за моето здравје, завршува тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1