Човекот кој секојдневно се вљубува повторно во својата жена – Има амнезија но љубовта секогаш го наоѓа


Дебора и Клајв Виринг се брачен пар кој потсетува на оној од книгите на Николас Спаркс. Клајв бил музички продуцент во „Би-би-си“ кога заболел од амнезија. Се верува дека тој е најлош случај на човек заболен од амнезија во светот. Неговиот мозок бил нападнат од вирус кој предизвикал дупки во него. Последицата од ова е губење на меморијата. Клајв ја изгубил речиси целата меморија, но се сеќава добро на неговата љубена.

20130430-chovekot-koj-sekojdnevno-se-vljubuva-povtorno-vo-svojata-zhena-1Дебора ја раскажала својата приказна на „Телеграф“. Во текстот, таа го опишува животот со Клајв пред и по болеста. Тој не е способен да живее сам бидејќи веднаш заборава сѐ што зборува и не е способен да спои све реченици бидејќи веднаш ја заборава првата. Сепак, Клајв одлично се сеќава на Дебора, иако не знае нишо за нивната венчавка и малку знае за неговите деца.

Секојпат кога ќе ја погледне, тој изгледа како да ја гледа првпат по долго време и веднаш разбира која е таа. Понекогаш е импулсивен или тажен, но со неа најчесто е среќен. Сѐ уште знае да пее, иако не може да одржи разговор. Знае и да свири и ужива во музиката како и порано. Дебора вели дека интелигенцијата не ја загубил бидејќи секојдневно учи нови нешта, но набргу ги заборава. Редовно пишува во својот дневник, иако речениците се кратки и нејасни. Свесен е за својата состојба и кога не е расположен, секогаш прашува за периодот за време на кој е во таква состојба.

Иако љубовта помеѓу Дебора и Клајв била нераскинлива, Дебора решила да се разведе од него. Таа била млада и не можела да го гледа Клајв во таа состојба, па се одлучила да се пресели во друга земја и да започне нов живот. Таа продолжила да го посетува Клајв редовно, а погледот од негова страна секогаш бил истиот. Секојпат кога таа ќе се појавела на вратата, тој не знаел дали таа само отишла до продавница или ја немало подолго време, но бил среќен што ја гледа и ја прегрнувал како да ја гледа по долго време.

Разделбата не траела долго. Набргу, Дебора се вратила кај Клајв за да се грижи за него. По одреден период, двајцата ги обновиле заветите и Клајв успеал да ги запомни сите реченици кои сакал да ги каже. Клајв живее во центар за грижа, додека Дебора ги поминува деновите кај него. Секојпат кога таа си заминува дома му вели дека го сака. Тој ѝ одговара дека не ја заборава ниту за еден миг и дека ќе ја сака засекогаш. Кога Дебора стигнува дома му се јавува за да му каже дека стигнала сигурно. Но, тој заборава дека таа била кај него.

„Кога доаѓаш? Те молам дојди со брзина на светлината“, вели тој.

Дебора му одговара дека „тукушто била кај него“.

„Навистина? Добро, тогаш дојди рано наутро…“

Целата приказна можете да ја прочитате тука. 

Извор – Факултети.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1