Целиот свет има само уште неколку години време да ги спречи катастрофалните последици од климатските промени кои ќе донесат екстремни временски услови, па некои делови од светот ќе станат невозможни за живот, предупредува новиот клучен документ на Обединетите Нации.
Во извештајот, кој го составија 772 научници, се истакнува дека емисијата на стакленички плинови, ако под итно не се намали, ќе резултира со подигнување на степенот на морињата, како и со големи промени во температурите кои драматично ќе влијаат на животот на луѓето и екосистемите.
Според IPCC, светот е многу близу до моментот кога ќе биде предоцна. Просечните температури во однос на прединдустриското време ќе пораснат за два Целзиусови степени.Според него, климатските промени се веќе на дело и се очигледни, а се закана за ширење на разни болести во Африка, материјални штети и губење на животи поради шумски пожари во Северна Америка, како и намалување на производството и квалитетот на храната во Јужна Америка.