Чуден бел облак забележан над Марс (ФОТО)


Над неактивниот вулкан на Марс веќе неколку дена се појавува чуден бел облак.

Се чини како да е вулкански облак од прашина , но на Марс вулканите одамна нес е активни , по што се поставува прашањето од каде облакот? Првите фотографии на белиот облак се појавија пред еден месец , кога ги сними леталото Марс Експрес , која кружи околу Црвената планета. . Но облакот во меѓувреме не се изгуби и посотјано лебди над големиот вулкан на Марс , наречен Арсиа Монс.

Според научното списание Science Alert облакот го менува својот облик , така што се издолжи и стана видлив и за астронимите – аматери , кои со телескопи го гледаат Марс. Според Европската вселенска агенција , станува збор за феномен , наречен орографски облак. Тој настанува над планински масиви , поради тоа што се создава препрека за струење на воздухот.

Вакви облаци настануваат на секои неколку години , според сметањето на Земјата , доколку се создадат соодветни услови.

Облаците на ситни капки заледена вода , се рашируваат кога низ нив минува влажен и студен воздух долж вулканот кон неговиот врв и тоа се атмосферските предуслови за оваа невообичаена појава на Марс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1