Чудесна Македонија: Доктор на науки продава ракија за да преживее


Во 2012 г. докторирал на Правно-историскиот факултет „Неофит Рилски“ во Бугарија и се стекнал со титулата доктор по правни науки. Со новостекнатата титула Пецов се надевал дека конечно ќе му се отворат вратите на професионалниот развој, пишува Нова Македонија.

Четириесет и петгодишниот Орце Пецов од Неготино пред две години се стекнал со највисоката научна титула

doktor-na-nauki-orce-pecovНо и по 24 месеци интензивно барање работа, тој сѐ уште е на листата на Агенцијата за вработување. Разочаран од немањето работа во родното место, каде што живеел со родителите, пред една недела Пецов се преселил во универзитетскиот Штип, со надеж дека овде нештата ќе тргнат на подобро.
Во меѓувреме излез од тешката финансиска состојба нашол во продажба на ракија, преку огласи поставени на неколку локации во градот.

– Можеби некому ќе му звучи смешно и интересно, но тоа е вистината, доктор на правни науки продава ракија. Се одлучив на ова зашто не ми личи да живеам од пензијата на татко ми – вели невработениот доктор на науки Орце Пецов.

Орце се одлучил да продава ракија откако не нашол работа ни како доктор по право ни како обичен правник. Затоа сега знаењето стекнато со многу труд и откажување го нуди за евтини пари.

Целиот текст на следниов линк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1