Чудни и нерешени мистерии


Светот досега се соочил со повеќе нерешени инциденти, кои се случиле под необјасниви околности. Ова се само неколку од нив.

nereseni-misterii-slucai-01Мажите со гас-маски

Во Бразил во 1996 година, тела на двајца возрасни мажи биле пронајдени од 18-годишно момче кое го летало својот змеј. Двајцата мажи биле пронајдени како носат гас-маски, кои обично се носеле со цел заштита од радијација. Се’ што имале на себе биле празно шише вода, две спакувани марамчиња и тетратка во кој пишувало:
„16:30 – биди на одреденото место. 18:30 – голтни ги капсулите и после ефектот заштити ги металите и почекај за сигнал за маската“. Дали станува збор за самоубиства, или нешто посложено?

Инцидентот на Дијатловиот премин

Русија, 1959 година. Девет скијачи-истражувачи тргнале на авантура, и ниту еден од нив не се вратил жив. При потрагата, нивниот шатор бил раскинат и отворен на едната страна, од внатрешноста, со сите нешта кои припаѓале на истражувачите во него.

nereseni-misterii-slucai-02

Стапките воделе до две тела кои биле облечени само во нивната долна облека, со сигнали кои упатувале кон дрво во близина, на кое неколкумина биле качени. Две други тела биле пронајдени во позиција која изгледа како да се враќале во шаторот. Во следните два месеци, четири други тела биле пронајдени, и ја носеле облеката на првите тела кои биле откриени. Три тела имале фатални повреди, а сепак, немале надворешни повреди и знаци од насилство. На еден од членовите му недостигал јазикот. Шест починале од хипотермија. Нивните алишта покажале висок степен на радиоактивно загадување.

СС Оуранг Медан

nereseni-misterii-slucai-03Во Индонезија во 1942 година, биле примени повици за неволја од холандски брод, во кои било кажано дека „сите офицери, вклучувајќи го и капетанот се мртви, и лежат на палубата.

Најверојатно целиот екипаж е мртов“. Потоа следувале неколку морзеови знаци, кои било невозможно да се дешифрираат, и конечно, на крај стигнала пораката „Јас ‘e умрам“.

Откако бил пронајден неоштетениот брод преполн со мртви тела, било востановено дека сите умреле од застрашувачка смрт и се наоѓале во чудни пози, а сепак, немало никави траги од било какви повреди или насилство, на ниту едно тело.

Таман Шуд

nereseni-misterii-slucai-04Во Австралија, во 1948 година, неидентификуван маж бил пронајден мртов рано наутро. Сведоци рекле дека го виделе човекот претходната ноќ, лежејќи во истата позиција како што бил откриен, но претпоставувале дека е пијан.

Други тврделе дека се наоѓал на друго место, а не на истото на кое бил пронајден. Други сведоци рекле дека го виделе човекот жив, како мрда. Чудниот дел од приказната е тоа што било пронајдено, и тоа што не е пронајдено, а упатувало на мажот: на еден кафен куфер пријавен во хотел од жртвата му биле тргнати сите етикети со неговото име.

Длаbоко во неговиот џеб се наоѓало ливче со зборовите „Таман шуд“, што во превод значело „завршен“ или „докрајчен“.

Друг сведок рекол дека тој имал книга, од којa подоцна нашле искинати листови на кои пишувало WRGOABABD MLIAOI WTBIMPANETP MLIABOAIAQC ITTMTSAMSTGAB. Се претпоставува дека пораката е кодирана.

Тој го имал и бројот на една медицинска сестра, која немала поим кој е човекот и не знаела зошто тој би можел да биде заинтересиран за неа.

Точка.мк

nereseni-misterii-sliucai-05

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1