Чудо на Митровден во манастирот Туман во Србија: Се верува дека дете било исцелено од тумор


Ново чудо се случило во манастирот Туман кај Голубац, во Србија, пренесува Курир.рс.

Откако на ова свето место, на Митровден монахот прочитал молитва кај моштите на свето Зосим, 15 годишно момче кое боледувало од малигдден тумор на бубрезите, болеста се повлекла.

Момчето неодамна било во Турција каде му било направено биопсија и било утврдено дека се работи за тумор.

Меѓутоа докторите денес останале запрепастени кога при преглед со магнетна резонанса утврдиле дека туморот исчезнал, биле зачудени па ја повториле снимката уште еднаш.

Медиумите неведуваат дека ова е трето чудо на манастирот. Првото се случило на Света Петка, второто на Свети Лука и третото сега на Митровден, кога со помош на молитва се излечил од тешка болест 15- годишниот Драган.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1