Чудото било забележано уште во ноември минатата година кога од десното око на светицата Ирина протекла солза. По три месеци во февруари годинава повторно е забележана солза, но од левото око, но во мај појавата се повторила со поголемо количество течност о тогаш станало јасно дека солзите личат на крв.
На островот Самос во Грција проплака крв иконата на светата великомаченица Ирина.
Веста многу гласно одѕвони во Грција, но и во целиот свет. Станува збор за уникатна икона на светицата Ирина, која се наоѓа во црквата „Света Ирина“ во Вата од 1970 година, кога е отворена црквата.