Чудо – Сода – за се по дома


Што се можете да правите со неа?

soda– Со неа на пример можете да ја исчистите внатрешноста на микро печката,

– Да се “соберат” мирисите од фрижидерот или кантата за смет

– Да се отстранат дамки од облека

– Да се ослободите од непријатни мириси од обувките.

Со нејзината употреба не ја загадува околината како некои вештачки средства за чистење, помалку е агресивна, а во секоја продавница можете да ја купите по многу евтина цена.

Со мешавина на сода и вода можете да ја исчисите внатрешноста на миркобрановата печка, фрижидерот или надворешните површини во кујната.

Средството ќе биде по ефектно ако во него додадете и малку вински оцет.

Како да ги избелете пожолтените површини во кујната?

-Измешајте 1/4 шолја сода и неколку шолји топла вода.

-Нанесете ја мешавината и оставете да стои 15 минути

– Изрибајте ги кујнските површини и тие повторно ќе блеснат.

Можете да ги избелите и старите садови за готвење, ако во нив десет минути вриете вода во која сте ставиле малку сода.

На ист начин можете да ги отстраните остатоците од маснотии и мириси од тавите за печење.

Ако во машината за миење садови се создале дамки, во неа ставете шолја сода и вклучете го програмот за миење.

Содата можете да ја додете и во средствата за чистење кои вообичаено ги користите при секое миење садови во машината.

Содата одлично ги впива мирисите од фрижидерот, микро-печките или кантите за смет. Ако секој пат кога ќе го отворите фрижидерот чувствувате мирис на различни продукти, во него ставете сад со сода и таа ќе ги собере сите мириси.

Истото можете да го направите со замрзнувачот или просторот под мијалникот. Тоа може да биде и трајно решение.

Содата менувајте ја секои три месеци или почесто ако мирисите се поинтензивни. На ист начин можете да ги отстраните мирисите од микробрановата печка – ако сад со сода ставите во неа меѓу две користења или провриете вода со сода, а потоа внатрешноста ја избришете со крпа.

Непријатните мириси од кантата за смет ќе ги спречите ако на дното под пласичната кеса сипете малку сода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1