Македонија е ракометна сила во Европа. Покрај Металург, и Вардар обезбеди пласман во четвртфиналето од ЛШ, откако сензационално победи во Германија против Хамбург со 30:29.
Кога Вардар е во прашање, ништо не е невозможно. И без најдобриот играч Тимур Дибиров, Вардар предизвика ракометен земјотрес во Европа, елиминирајќи го европскиот шампион Хамбург.
Игор Караџиќ беше најефикасен со 7 погодоци, а по 6 постигнаа Филип Лазаров и Алекс Душебајев.
Брилијантен на голот беше Петар Ангелов-Диви, кој во самиот финиш одбрани пенал при резултат 29:28 за Вардар.
Kurir