И додека некои луѓе собираат поштенски марки или банкноти од различни земји, еден човек од Сибир има едно многу невообичаено хоби. Всушност, Сергеј Кулагин е механичар и заварувач во градот Дивногорск, а неговото хоби и не е така едноставно бидејќи тој дизајнира и гради роботи од метален отпад.
Тој ја пронаоѓа својата мотивација кај другите луѓе кои исто така изработуваат роботи, верувајќи дека може да создаде нешто многу подобро од нив. Според зборовите на Сергеј, тој е во состојба да мине и неколку години изработувајќи едно дело од метал.
Најновата креација, војникот во човечка големина, тој ја именуваше Самурај, и е горд што тој навистина многу потсетува на човечко суштество.