Марија Стошиќ Митровиќ од Параќин, после три операции, 30 извадени тумори и пет години борба со болеста, пред неколку дена роди машко дете. Докторите, за оваа храбра жена велат дека е медицински феномен.
Со синот Урош, Марија Стошиќ Митровиќ, за неколку дена ќе си дојде дома после седум месеци поминати во болница, бидејќи поради ризичната бременост морала да биде под докторски надзор.
Зголемениот крвен притисок и неколкуте тумори кои зафатија дел од матката, се само дел од проблемите кои оваа храбра жена ги победи. Марија, со Урош во прегратка вели дека не постои поубаво чувство и дека се се заборава кога ќе го прегрнете своето дете.
Бременоста на Марија уште од почетокот била ризична и барала постојан докторски надзор, а во текот на породувањето со царски рез отстранети се повеќе тумори на матката.
Докторот Ацо Милачиќ, началник на гинеколошката болницата во Параќин, вели дека во неговото 40-годишно искуство немал ваков случај.
-Храброста и упорноста на оваа жена да се оствари како мајка немаат граница. Беше тешко, но сите од почетокот верувавме дека ќе се заврши среќно. Пред оваа бременост, Марија имала три операции, при што и се отстранети голем број на тумори.