Чудотворната икона и моштите на Свети Георгиј на 7 мај доаѓаат во Струга


По повод празникот „Св. Ѓорѓи“ – Ѓурѓовден,  во  соборниот храм „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Струга на 7 мај ќе се одржи вечерна богослужба, по што ќе започне и литијата.

geordija-630x453Традиционално литијата започнува со носење на моштите во  „Свети Георгиј“ од истоимениот манастир во Рајчица. Потоа  литијата продолжува со носење на светите мошти и чудотворната икона на Свети Ѓорѓи низ улиците на Струга. Овој начин на организација се одржува веќе четири години и е од големо значење за Струга, а самата литија постои над петстотини години.

– Обредот со чудотворната икона и литијата се одржувал години наназад, особено поради осветувањето на црквата  „Свети Ѓорѓија“ во 1835 година. Од големо значење е за Струга, од духовен аспект пред се, се осветува целата природа и сиот град преку чудотворната икона „Свети Ѓорѓи“ и преку чудотворните мошти, вели ѓаконот Васко Голабоски.

Оваа древна струшка духовна традиција, која пред неколку години беше обновена и збогатена со благословот на славниот Победоносец Георгиј има и свое големо историско значење.

– Претставува продолжување на оваа вековна традиција бидејќи сакам да нагласам дека кон средината на шеснаесеттиот век од тоа време потекнува и чудотворната икона со житие на „Свети Ѓорѓи“ која е дел од самата литија. Значи записи постојат од средината на шеснаесеттиот век дека имало вакво одбележување на овој втор ден Ѓурѓовден со ваква литија, објаснува директорот на музејот „Д-р Никола Незлобински“ од Струга, Сашо Цветковски.

Со богослужбата по повод овој празник ќе чиночалствува митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј.

Denesen

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1