Чулев: МВР чува 1.000 лица кои се со наредба за самоизолација


Министерот за внатрешни работи, Наке Чулев денес на прес конференција информираше за активностите на МВР за справување со пандемијата и имплементирање на одлуките на Владата.

Чулев соопшти дека поради состојбата со коронавирусот и спречување на ширење на заразата полицијата во овој момент чува 1.000 лица кои се со наредба за самоизолација.

-Да се пријавува секое непочитување на препораките за самоизолација како и угостителски објекти и забрана за собири. На 19 март, СВР Скопје врши контрола на 230 лица за здравствен надзор, и 1.000 лица со наредби за самоизолација. Контролирани се 530 објекти од кои 140 само денес. Во Велес со наредба за самоизолација се 99, 185 во самоизолација на СВР Тетово, СВР Штип 246 за самоизолација, Струмица 172 наредби за самоизолација, Битола, 140, Куманово има наредби за 220 лица за самоизолација, Охрид – 205 со наредба за самоизолација.”, информираше министерот Наќе Чулев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1