Експертите од компанијата „Trend Micro“ откриле на Фејсбук бројни објавувања на Фејсбук за страна со повеќе од 90 милиони „лајкови“ кои не се вистински, туку станува збор за една тактика на друштвениот инженеринг. Страната има за задача да ги измами корисниците на друштвените мрежи така што ќе ги наведе да го преземат лажниот „Adobe Flash Player“ plug in.
Што се случува кога ќе кликнете на страната?
Кога корисникот ќе кликне на линкот за страната, наместо неа, ќе му се отвори веб страна на која наводно се наоѓа „Adobe Flash Player“ plug in, кој треба да го спушти. Кога ќе се инсталира, Тројанецот започнува со спамирање, објавувајќи го она со што корисникот се заразил. Тоа значи дека во случај вие да се заразите, ќе стигне објава која ќе ги тагне и вашите пријатели. Доколку видете нешто слично како фотографијата погоре, во никој случај немојте да кликнувате на него.