Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани


Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за граѓаните на Македонија.

– Црна Гора ќе ги отвори своите граници со Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и западноевропските земји од утре – објави Мугоса, пренесува „ЦДМ“, додавајќи дека епидемиолошката состојба со коронавирусот се подобрува во овие земји.

Тој рече дека денеска ќе се одржи електронска седница на Националното координативно тело, на која ќе бидат дефинирани начините за влез во Црна Гора од споменатите земји.

Според него, било решено да се отворат границите со овие земји на барање на туристичката заедница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1