По добиениот отказ на Мајк Браун, од страна на раководството на Лејкерси, тимот од Ел-Еј најде одлична замена Мајк Д’Антони.
американските медиуми пишуваат дека , Д’Антони потпишал четиригодишен договор, сопственикот Бас и генералниот менаџер Купчак се убедени дека Мајк има квалитети да го доведе Лејкерс до шампионската титула. со оглед на тоа дека во својата кариера има водено европски клуб како Бенетон, а во НБА лигата – Денвер, Портланд, Њујорк и Феникс.
предност е тоа што тој ги познава играчите, бидејќи го има предводено Феникс во периодот кога Стив Неш беше избран за најкорисен играч, Пау го знае од игрите во Европа, додека со Коби и Хауард има соработувано во репрезентацијата.
Според најавите, Фил Џексон барал посебни услови, но најверојатно раководството на клубот не можело да ги исполни, па како втора солуција го одбрале Д’Aнтони.