Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, Зоран Караџов денеска преку соопштение изрази жалење за случајот со оперираната пациентка која почина на КАРИЛ.
– Одговорно тврдам дека нашиот тим презеде се што беше неопходно и го вложивме целиот наш потенцијал со цел пружање соодветен третман за оваа пациентка. Ние како хирурзи секојдневно се бориме за животот на пациентите, во случаи кога и секундите значат живот и во таа смисла изјавата која вчера ја пренесоа дел од медиумите беше погрешно протолкуван избор на зборови, токму во моменти кога со тимот се справувавме со најтешко болните пациенти на клиниката, кои се нашиот главен приоритет, стои во соопштението.
Посочува дека како Клиника стојат на располагање и се отворени за соработка со сите надлежни институции.