Д-р Шакири загина во пожарот во модуларната болница во Тетово, 26 дена се лекувал во болницата


Лаборантскиот техничар, 37-годишниот Ферди Шакири е една од 14-те жртви во пожарот во тетовската модуларна болница.

Веста за неговата смрт ја соопштија од поликлиниката Бамикор Медика.

„Со длабока болка и тага ги известуваме сите наши соработници и пациенти дека на ден 08.09.2021 година трагично го загуби животот во синоќешниот поижар нашиот долгогодишен здравствен работник Ферди Шакири, добар пријател, другар, верен работник, добар сопруг и татко. Изразуваме длабоко сочувство до семејството“, стои во објавата на Фејсбук.

Од Бамикор Медика за „Фокус” изјавија дека тој кај нив бил вработен како лаборантски техничар, а дека во модуларната болница бил хоспитализиран 26 дена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1