Доделувањето на музичките награди Даф Бама ќе се одржи во сабота, 27-ми август во Баркликард Арена во Хамбург, Германија. Даниел Кајмакоски е поканет да настапи како претставник на Македонија и е номиниран за најдобар машки изведувач, како и за наградата од публиката за најдобар изведувач.
На оваа значајна мултикултурна музичка манифестација ќе бидат наградени најуспешните музички имиња од Балканот, Медитеранот, Кавказ, Јужна Азија, Централна Азија, Африка и Блискиот Исток.
Покрај регионалните награди за најуспешните, ќе бидат доделени и награди во 8 категории: најдобра песна, албум, видео, соработка, машки и женски изведувач, изведувач и дебитант.
Кајмакоски е номиниран за најдобар машки изведувач заедно со 7 врвни имиња: Алехандро Санз, Тицијано Феро, Мохит Чаухан, Ксавиер Наиду, Тамер Хосни, Дино Мерлин и Фархад Дарја.
Публиката може да гласа ТУКА
На овој голем музички настан, чија идеја е да се зближат различните култури и музика, ќе настапат голем дел од номинираните ѕвезди.