Да не им текне дека од вторик и денарите нема да важат? Во оптек се и пари со Македонија!


Граѓаните и јавноста со право револтирани откако институциите чекаа во недела да ги известат децидно дека возачките и сообраќајните дозволи нема да важат од вторник.

Дотолку повеќе што во известувањето дури и се наговестува дека возењето со возачка дозвола со старото име Македонија, ќе биде еднакво на возење без возачка. Што секако би повлекло и евентуални казни за граѓаните.

Од МВР информираат дека возачките дозволи од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само со името Република Северна Македонија.

-Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета, велат од МВР.

Како на шега, но не е за смеење се наметнува и прашањето – дали можеби од вторник нема да важат и денарите кои се со Македонија?

Во моментов во оптек има денари на кои пишува и Северна Македонија, но се уште има во оптек и пари на кои е старото име – Македонија.

Граѓаните на социјалните мрежи со иронија прашуваат – Да не им текне на институциите да ги известат граѓаните во вторник дека парите не им важат веќе?

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1