Да се прогласи вонредна состојба поради загадувањето


ДОМ бара Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањеето, а Министерството за животна средина да предложи итни мерки за надминување на овој проблем.

Партијата, како што соопшти денеска на прес-конференција портпаролот Тони Ристов, нуди конкретни мерки за намалување на загадувањето.Zagadjenje-vazduha-2-500x296

Предлага да се прогласи вонреден режим на однесување веднаш и да трае до крајот на зимата, да се стопираат градежните активности во градските средини, да се смени сообраќајниот режим во градовите со воведување задолжителна „зелена“ зона ослободена од возила, прогласување пешачки и велосипедски зони во центрите на градовите и забрана за движење тешки возила во градски подрачја и нивно упатување на обиколниците, како и да се отстранат од сообраќај сите возила под Евро 4 стандардот од градскиот сообраќај, да се обележат со налепница на предното стакло и да се уреди нивниот увоз.

Според ДОМ, треба да се зголеми и бројноста на автобусите во јавниот превоз во градовите каде што постои и да се мијат сите улици со вода.

Владата да даде буџетска поддршка за набавка на течен гас, печки со целосно согорување, сончеви панели за топла вода и изолација на домовите, да се прави сериозна контрола на работата на индустриските постројки, посебно на горивата што ги употребуваат, да се собира редовно и прописно отпадот и да се остава на пропишана депонија, да се поправат сите мерни станици за квалитет на воздух, се исто така мерките што ги предлага ДОМ.

– Овие десет итни мерки може да се спроведат за кус период, бараат мал буџет и голема посветеност на надлежните. А граѓаните ќе им бидат благодарни, зашто за здравјето се работи, рече Ристов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1