Во Собранието на Република Македонија пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ покрена иницијатива за уставно дефинирање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена.
За ова денес информираше пратеникот Влатко Ѓорчев.
– Денес пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ покрена иницијатива за уставно дефинирање на бракот како заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена и истовремено децата без родители да можат да ги посвојуваат исклучиво брачни заедници во кои што има маж и жена, мајка и татко, двајца родители или самохрани родители, рече Ѓорчев.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека граѓаните во Република Македонија во огромно мнозинство го поддржуваат бракот како институција помеѓу еден маж и една жена и оти тоа е согласно оние традиционални вредности кои што се повеќевековна константа во Република Македонија и овие Уставни измени одат во таа насока.