Комонвелтот Доминика, островска држава во Карипското море, е осмата по ред земја која повеќе не го признава Косово како независна држава, изјави шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, пренесе „Танјуг“.Дачиќ рекол дека добил официјална нота од Министерството за надворешни работи на островската земја.
– Јасно и прецизно пишува дека Владата на Комонвелтот Доминика му дава предност на дијалогот, дека ќе го почитува сетоа она до кое ќе дојдат двете страни во дијалогот како резултат на договор, дека во меѓувреме ја суспендира својата позиција за признавање на Косово како независна држава, чекајќи го крајот на дијалогот – изјавил Дачиќ.
Министерот оценил дека ова е уште еден голем успех за Србија и навел дека Србија ќе продолжи со овие активности, како и дека сака стратешки односи и соработка со таа земји, а не само да се зборува за прашањето за Косово и Метохија.