Дадилка монструм: Брутално ги тепала бебињата што ги чувала (ВИДЕО)


Една мајка од Калифорнија, која сака да остане анонимна, не можела да поверува кога ги видела снимките од мини камерите кои биле скриени низ куќата. На застрашувачките снимки се гледа како дадилката брутално ги злоставува малите деца, додека мајката не е дома.

Едногодишните близначки кои ги чувала дадилката по ништо не покажувале дека биле злоставувани, се додека мајката не ја видела снимката од камера. Мајката одлучила да остане анонимна, но дала интервју за ABC News.73361dadilja630x0

-Чув како детето вреска и плаче во видеото, и тоа беше застрашувачко, вели мајката. Таа поставила камери низ куќата, но ретко ги проверувала снимките зошто не се сомневала дека такво нешто може да се случи.

Нејзиниот осумгодишен син и рекол дека дадилката монструозно се однесува. Мајката одлучила видеото да и го покаже и на самата дадилка.

-Ја спушти главата долу и рече дека згрешила. Но тоа не е грешка која смеете да ја направите. Доби отказ – вели мајката.

Полицијата потврди дека против дадилката Дејна Кеш е поднесена пријава за злоставување на деца.

На снимката се гледа како на брутален начин го тресе бебето, со сила му затвора уста, дури и ги влече малото дете за една рака. Новинарите велат дека снимките се толку шокантни што не можеле целосно да ги пуштат.

Во меѓувреме на сите родители им се советува да бидат исклучително внимателни кога ангажираат бебеиситерки за бебињата, зошто во последно време има се повеќе вакви случаи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1