Дадилки од пеколот: Искуства на родителите кои се претвориле во кошмар


Една жена го опишала искуството кое го имала нејзината сестра со своето дете. Имено, таа забележала дека нејзиното 2-годишно дете, кое со месеци го носела на чување кај една госпоѓа од соседството, почнува да имитира звуци од мали кучиња.

Родители ги споделиле своите искуства со дадилките на кои во целосна доверба им ги оставале децата на чување, очекувајќи дека тие ќе го прават она за што се платени. Но, некои не се „усреќиле“ многу, како и нивните деца.bebe i dadilka

Уште повеќе, некои после ова останале со вистински родителски кошмари кога ќе се сетат кому му го оставиле детето на чување. Тие се собрале на социјалната мрежа Reddit каде што ги опишувале своите искуства.

Така, една мајка опишала како случајно открила дека нејзината дадилка цели четири месеци не го преместила нејзиното бебе од креветчето, и тоа за целото време на чување. „Мојот син имаше само 5 месеци и додека јас бев на работа го оставав на чување кај една постара госпоѓа. Јас и мојот сопруг ја одбравме токму неа затоа што порано била медицинска сестра и имала многу искуство со деца, па ја сметавме за идеален избор. Кога една вечер се вратив дома ми се жалеше дека мојот син таа вечер многу тешко заспал и неколку часа плачел.

И` реков дека често помага ако само неколку минути го ниша и гали по рамото, а таа зачудена ми одговори ’Ох, јас никогаш не сум го држела во раце!’ Тогаш ми призна дека навистина никогаш не го зема од креветот и сфатив дека моето бебе со месеци било во ужасна физичка непријатност затоа што константно лежело додека јас бев отсутна“, раскажала ужаснатата мајка.73361dadilja630x0

Друг родител на ова искуство се надоврзал со неговата приказна за тоа како и неговото дете трпело нешто слично. „Еднаш сосема случајно порано завршив со работа, и тоа дури три часа порано, па одлучив порано да си го земам синот од градинка. Инаку, ме чека на една клупа покрај ѕидот која е наменета за децата да ги почекаат родителите кога тие доаѓаат по нив. Но, на мое изненадување, мојот син веќе ме чекаше, а со него беа и сите други деца. Дознав дека децата често така ги пуштаат и по 5-6 часа да чекаат, не смеат да се помрднат ниту дури да разговараат меѓусебно“, раскажал запрепастениот родител кој подоцна ја тужел градинката.

Друга мајка раскажала како ја фатила дадилката, баш како во некој филм, во сексуален однос со партнерот.

„Девојката ја плаќав за да го чува моето дете кога работам во ноќна смена, но тој пат поради вонредна ситуација на работа бевме пуштени порано дома. Кога стигнав дома, мојот кревет не беше наместен како јас што го оставив, и иако момчето од мојата дадилка веќе не беше во куќата, кога бегал го оставил својот автомобил паркиран во нашата гаража“, рекла оваа разочарана мајка.

Но, следната приказна станува уште побизарна.
dadilja uhvacena
Една жена го опишала искуството кое го имала нејзината сестра со своето дете. Имено, таа забележала дека нејзиното 2-годишно дете, кое со месеци го носела на чување кај една госпоѓа од соседството, почнува да имитира звуци од мали кучиња.

„Тоа на мојата сестра и` беше чудно, нејзината ќерка правела звуци како мало кученце, но тие дома не чуваа мали кучиња, туку мачки и едно големо куче. Иако знаеше дека децата на таа возраст често имитираат звуци кои ги слушаат, интуицијата не и` дозволи да се смири. Така, пошла кај дадилката неколку часа порано од вообичаено, а знаеше дека истата госпоѓа во текот на дено чува и неколку други деца од соседството.

Кога стигнала до нејзината куќа, нејзиното дете воопшто не било таму. Имено, тоа било во подрумот заклучено со другите деца кои дадилката требало да ги чува, заедно со еден куп кученца кои ги имала. Тие биле во валкан мрачен подрум и кученцата газеле насекаде по нив, а децата ги скубеле за влакната“, го раскажала ова морничаво искуство корисничката на Reddit.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1