Витамините и минералите не опстојуваат кога се долготрајно термички обработувани на високи температури.
Црвената пиперка – главната состојка на ајварот, сама по себе е многу здрав зеленчук, пренесува pharmanews.mk .
Црвените пиперки во себе содржат многу Витамин Ц, кој покрај антиоксидативното својство во организмот, помага во апсорпцијата на железо. Црвените пиперки исто така се одличен извор на Витаминот Б6 и магнезиум.
Но дали сите овие витамини и минерали остануваат по долготрајната термичка обработка кога правиме зимница?
Хранливите состојки коишто се растворливи во вода, како на пример Витаминот Ц и Витаминот Б и една група на нутритивни состојки наречени полифеноли, се најосетливи на деградацијата за време на просецирањето на храната и готвењето. Конзервираниот грашок на пример, губи од 85 до 95% од природниот Витамин Ц, а замрзнатите цреши пак, по шест месеци губат до 50% од антоцијаните (состојките пронајдени во плодовите со темна боја. А, што се однесува до спанаќот пак, готвењето отстранува две третини од Витаминот Ц во свежиот спанаќ. Од ова може да заклучиме дека ајварот нема витамини и минерали, доколку производителот не му додаде.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА